Полицаец прикрил криминалец, кој требало да биде во домашен притвор, но самиот се издал бидејќи направил тешка кражба.
Според информациите на полицијата, 32-годишниот Љ.Љ. полицаец од Куманово, на 23-ти февруари годинава, имал задача да го исконтролира лицето З.С. кој имал мерка куќен притвор. Полицаецот во службената забелешка пишал дека лицето е во неговиот дом, но подоцна било утврдено дека истиот тој направил кривично дело „тешка кражба“.
Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди поднесе кривична пријава против Љ.Љ. за сторено кривично дело „фалсификувана исправа“.