![policija noke](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/policija-noke.jpg?resize=685%2C358&ssl=1)
На 04.08.2020 во 16:45 часот на ул.„518“ во Скопје во правец кон „Саем – Ќерамидница“ се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „поло“, сопственост на МВР, управувано од полициски службеник и патничко возило „ауди А8“, управувано од И.П.(27) од Скопје.
Во незгодата возачот и сопатникот од патничкото возило „поло“ се здобилe со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде биле пренесни за укажување на лекарска помош.
За незгодата е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди.
Увид на местото на незгодата направила екипа од СВР Скопје.