Полицаец приправник изрешетал ѕид во полициска станица

Полицаец приправник испукал неколку куршуми од службениот пиштол, вчера во Полициската станица Драчево, информираше МВР.

Според полицијата, инцидентот се случил околу 19 часот во ходникот на станицата. Тогаш приправникот се упатил кон магацинот да го остави оружјето, при што биле испукани неколку куршуми во ѕидот. Во инцидентот нема повредени.

За настанот известен е ОЈО Скопје и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и се преземаат мерки за расчистување на случајот.