Вечерва околу 21 часот започнала акција на полицијата и пазарната инспекција за да се растури свадба во село Глумово.
„Според нашите информации, на свадбата присуствувале 300 луѓе, но по упадот на полицијата, свадбата во ресторанот во Глумово е прекината, а казни ќе има и за газдата на ресторанот и за гостите за непочитување на препораките на надлежните институции за спречување на Ковид 19“, објави Канал 5 телевизија.
Повеќе информации во текот на утрешниот ден.