Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека вечерва околу 19 часот е пронајден и санкциониран Б.А. од Арачиново, кој со патничко возило се движел по плоштадот во Скопје и ја загрозил сигурноста на присутните граѓани.
„Министерството за внатрешни работи и во наредниот период најостро ќе ги санкционира сите кои ќе го нарушат јавниот ред и мир и ќе ја загрозат безбедноста на граѓаните“, се вели во соопштението.
Нетпресс претходно ја објави видео снимката на која се гледа како возач на автомобил бентли со голема брзина влетува на плоштадот во Скопје, а уплашените минувачи бегаат за да не бидат прегазени.