Полицијата го приведе Агим Исмаиловиќ, еден од обвинетите во случајот „Монструм“, откако денеска судот на барање на обвинителството му одреди мерка притвор.
– Лицето е обезбедено и ќе биде пренесено во КПУ Затвор Скопје, потврдуваат од МВР.
Во случајот „Монструм“ се обвинети Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.
Случајот моментално е во фаза на доказна постапка, откако со одлука на Врховниот суд беше вратен на повторно судење во Кривичен суд Скопје.