
Полицијата во Србија утрово го приведе Урош Б.(21), кој е осомничен дека во околината на Младеновац убил 8 и повредил уште 18 лица.
Според неофицијални информации на српските медиуми, напаѓачот пукал и во селото Шепсина додека полицијата го бркала.
Според информации, конфликтот со убиецот започнал во училишниот двор во селото Дубона.
У.Б. се скарал со неколку пријатели, по што отишол дома и се вратил со автоматска пушка и отворил оган.
Приведен е во близина на Крагуевац.