Полицијата казни 243 пешаци

Во текот на вчерашниот ден (14.12.2022) во периодот од 08.00 до 12.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците.

При контролата, санкционирани се 243 пешаци од кои, 227 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин…

За време на контролата регистрирани се и 106 останати прекршоци.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, информира МВР.