Полицијата откри 81 мингрант во објект во село Ваксинце, приведен сопстевникот

Полицијата утрото откри 81 мингрант во објект во село Ваксинце, општина Липково. Сопственикот на објектот Н.А. (50)  е приведен, а мигрантите се пренесени во приватниот центар Табановце.

Полицијата соопшти дека акцијата ја извршиле полицајци од СВР Куманово и Единицата за специјални задачи по судска наредба и претходни сознанија дека таму има мигранти. Мигрантите се од Блискиот Исток, а меѓу нов има 19 деца.

Полицијата, како што соопшти, ќе поднесе соодветен поднесок до надлежното обвинителство.