Полицијата пронашла мртов маж во Козле

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека вчера во Полициската станица Карпош било пријавено дека на ул.„Козле“ во Скопје подолго време се шири непријатна миризба од куќа каде живеел 66-годишен скопјанец.

Полициски службеници излегле на местото на настанот, каде бил пронајден починат скопјанецот, кој околу една недела не бил забележан од соседите.

„Од лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт, а увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција“, се наведува во полицискиот билтен.