Белгиската полиција во саботата рано вечерта со водени типови и солзавец растера неколку илјади граѓани кои дошле на забава во паркот Буа де ла Камбр во главниот град Брисел и покрај забраната од градските власти.
„Издаена е наредба за растерување на собраните поради непочитување на епидемиолошките мерки“, објави полицијата во Брисел според чии проценки на собирот наречен фестивал „Бум-2“ се собрале меѓу 8.000 и 10.000 луѓе.
На приодите од паркот пристигнале дваесетина полициски комби-возила и неколку со водени топови, па дури тогаш многумина тогаш се оддалечиле. Полицијата употребила и солзавец, пренесува агенцијата AFP, чиј новинар во градите го погодил еден проектил со солзавецот.
Собирот започнал мирно. Гимназиалец изјави за медиумите дека се собрале за да ја „одбранат својата слобода“. Додаде дека не сака да носи заштитна маска, бидејќи сака да биде слободен, додека друга млада учесничка на собирот во Брисел рече дека „една година не можат да излегуваат, и затоа треба да се најдат алтернативи“.
Доаѓањето на полицијата собраните го дочекале со извиците „Слобода, слобода“ и фрлање пиротехнички средства. Полициски хеликоптер го надлетувал партко, а од дрон било емитувано предупредување на франциски, англиски и фламански јазик со повик до граѓаните да носат маски и да одржуваат дистанца.
Белгискиот премиер Алексендер Де Кро претхдно во петиокот ги повика сонародниците да не учествуваат на овој и на други собири организирани преку социјалните мрежи, а овој во Брисел организиран во паркот во резиденцијалниот дел на престолнината.
„Некои организираат вакви собири за да го дестабилизираа пристапот на нашата земја (во борбата против пандемијата), кој е многу разумен и смирен во споредба со други земји. Не паѓајте во оваа замка“, истакна премиерот Де Кро.
„Не советувам одење на местата каде што се најавени собирите“, предупреди министерката за внатрешни работи, Анели Верлинден.
Повеќе од 700 припадници на специјалната и на редатската полиција биле мобилизирани поради забранетиот собир во Брисел. Властите стравуваа од повторувањето на инциденто кога беа повредени треисеттина луѓеа на 1-ви април, кога полицијата се обиде да растера неколку стотици лица кои дојдоа на „забавата“ во истиот парк.
Во Белгија на сила е строгиот карантин од почетокот на вториот каранти на епидемијата на коронавирусот ланскиот октомври, кога земјата имаше најлош показател на смртноста во Европа според бројот на жителите. Сите барови и ресторани, спортски и културни објекти се затворени, забранети се сите јавни настани, а на сила е режимот на задолжително носење маски и одржување на социјалната дистанца и во затворени простори и на отворено. Мерката полициски час од полноќ до 5 часот наутро е на сила во целата земја, а од 22 до 6 часот во Брисел.