Полицијата решава заложничка криза во синагога во Тексас

SWAT team members deploy near the Congregation Beth Israel Synagogue in Colleyville, Texas, some 25 miles (40 kilometers) west of Dallas, on January 15, 2022. - The SWAT police operation was underway at the synagogue where a man claiming to be the brother of a convicted terrorist has reportedly taken several people hostage, police and media said. (Photo by Andy JACOBSOHN / AFP)

Полицајците повеќе часови во саботата преговараат со маж кој во текот на саботната богослужба која се пренесувала во живо земал во заложништво четири лица во синагогата во градот Коливил во сојузната дражава Тексас, пренесе весникот Fort Worth Star-Telegram.

Претходно полициската управа во Коливил објави на Twitter дека изведува специјална опарација во блокот во кој се наоѓа конгрегацијта Бет Израел и дека сите жители од непосредната близина се евакуирани. Според весникот Dallas Morning News, во зрадата нема повредени, а специјалните служби се обидуваат да го утврдат идентитетот на напаѓачот.

„Полициската наредничка на Коливил, Дара Нелсон, изјави дека преговорачите воспоставиле контакт со некој во синагогата за кого сметаат дека е осомничениот“, објави Dallas Morning News.

Претседателот Џо Бајден е информриан за земањето заложници во Коливил, и го следи развојот на настаните, соопшти портпаролјата на Белата куќа, Џен Псаки.

„Претседателот е информиран за развојот на ситуацијата со заложниците. Ќе продолжи да добива ажирирани податоци. Високи претставници на тимот за национална безбедност се во контакт со челниците на федералните агенции за спроведување на законот“, додаде Псаки.

Конгрегацијата Бет Израел е основана во 1999 година, во Коливил кој е предградие на Далас-Форт Ворт.

Телевизиската мрежа ABC News објави дека четири лица се земени во заложништво, меѓи кои и еден рабин. Осомничениот, според телевизијата, тврдел дека има експлозивни направи.

Неименуван функционер за ABC News изјавил дека вооружениот маж е брат на Афија Садики, осудена за тероризам и бара незјино ослобовудање. Сидики отслужува затворска казна во базата на американските воздухопловни сили во Тексас, окткао беше осудена на 86 одини за обид за убиство на американски војник во 2010 година и осомниечна за поврзаност со терористичката мрежа Ал Каеда.