Градоначалникот на Хаг, Јохан Ремкес денеска нареди полицијата да растера околу 200 лица кои протестираа против мерките на холандската Влада за спречување на ширењето на Ковид-19.
Во соопштението од полицијата се навдува дека се уапсени демонстрантите кои ја игнорирале наредбата на градоначалникот Ремкес за забрана за собири.
Локалните медиуми објавија дека уапсени се десетина луѓе.
холандската Влада ги забрани јавните собири од средината на март и од граѓаните бара да бидат оддалечени најмалку 1,5 метри на јавни места.