Британските безбедносни агенции ја квалификуваа како терористичко напад експлозијата на такси возило во близина на болницата за женски билести во Ливерпул, во која загинал терористите кој ја ајтивирал експлозивната направа, а возачот е повредени, изјави на прес-конференцијата во понеделникот портпаролот на полициската антитерористичка единица Рас Џексон.
„Овој инцидент е прогласен за терористички чин“, изјави Џексон.
Утврден е идентитетот на терористот, но во интерес на истратага сѐ уште не се откриваат неговото име и можните мотиви кои сѐ уште се происпитуваат. Според полицијата, импровизираната експлозивната направа ја изработил самиот бомба-самоубиец.
Како што појасни Џексон, иследниците не исклучуваат дека нападот бил намерно извршен неколку минути пред 11 часот по локално време односно 12 часот по македонско време, кога започнува едноминутниот молк во целта земја во рамките на одбележувањето на Денот на сеќавањето, посветени на загинатите британски војници.
„Во моментов не можеме да утврдиме врска меѓу овие два настана, но таквата верзија се разгледува“, додаде Џексон.
Портпаролот на полициската еднициа за борба притив тероризмот посочи дека во рамките на истрагата во неделата се уапсени тројца мажи на 21, 26 и 29 години, а во понеделникот уште еден 20-годишник, кои се осомничени за соучесници на терористот.
Претходно властите на Ливерпул истакнаа дека избегнат е поголем број жртви, благодарение на постапките на таксистот Дејвид Пери, кој наближувајќи кон влезот на болницата забележувајќи го чудното однесување на патникот, го заклучил во возилото. Самиот Пери успеал да искокне од таксито само неколку мига пред експлозијата. Поради здобиените повреди веднаш по експлозијата е хоспитализиран, но во понеделникот утрото е отпуштен од болницата.
Британскиот премиер Борис Џонсон постапките на таксистот Пери ги нарече „манифестација на голема храброст и јасно расудување“.