Полицијата во Балтимор откри комбе со над 4.000 литри бензин во канистри

Американската полиција во Балтимор, во сојузната држава Мериленд, во центарот на градот пронајде комбе натоварено со над 4 илјади литри бензин во канистри.

Сомнителното комбе било паркирано во гаража под зграда во центарот на градот покрај главниот кеј и шеталиштето. Полицијата ја прекинала редовната автобуската линија во тој дел од градот, додека областа околу паркингот и зградите е евакуирана.

Во моментов, балтиморската полиција истражува кој е сопственик на комбето и зошто е натоварено со толку големи количини на бензин што на некои места истекувал од возилото.