![zapleneta-marihuana-750x430](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/11/zapleneta-marihuana-750x430.jpg?resize=696%2C399&ssl=1)
Денеска во 01.05 часот на Банишко поле, во близина на граничната линија со Република Албанија, во атар на село Аме, дебарско, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор „Блато“, Регионален центар Запад, пронашле 10 (десет) поголеми најлонски пакувања со марихуана, информираа од МВР.
Извршен бил увид и било констатирано дека во пакувањата има марихуана со вкупна тежина од околу 200 килограми со вредност од над 500.000 евра.
За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.