Полицијата во Мјанмар отвори оган врз демонстрантите

Полицијата и демонстрантите во Мјанмар се судрија во вторникот, а повредени има и на двете страни во најнасилниот ден од почетокот на протестите против воениот преврат во кој беше соборена челничката Аунг Сан Суу Кји.

Агенцијата Reuters циритра лекар кој рекол дека жена која е застрелана во главата на протестите веројатно нема да преживее. Навел дека им е пружена помош на уште три лица кои се погодени наводно со гумени куршуми, откако полицијата отворила оган, главно пукајќи главно во воздух и користела водени топови за да ги растера демонстрантите во главниот град Најпјитав.

Истовремено државната телевизија извести за повредени полицајци кои настојувале да ги растера демонстрантите во првиот извештај за протестите во земјите откако започнаа пред три дена.

Најновите инцидентите се првото крвопролевање откако војската предводена од генералот Мин Аунг Хлаинг ја собори новоизбраната влада Аунг Суу Кји на 1-ви февруари и ја уапси неа и другите политичари од Националната лига за демократија (NLD).

Мјанмарската полиција ги претресувала и канцелариите на NLD во Јангон со паѓањето на вечерта, каде открила два избрани пратеника на партијата.

Воениот преврат и затворањето на избраната претседателка Аунг предизвика четиридневни последователни протести низ целата оваа јужноазиска земја од 53 милиони жители, и според вестите сѐ посилното движење за граѓанска непослушност кој ги зафати и болниците, образовните институции и владините канцеларии.

Полицијата уапсила најмалку 27 демонстранти во вториот по големина град во земјата Мандалајам, меѓу кои се и новинари, соопштија локалните интернетски медиуми.

Ваквите безредија ги вратија сеќавањата на речиси полувековното владеење на воениот врв кое траеше до 2015 година.

Ветувањето на воениот командант Мин Аунг Хлаинф во неговото прво обраќање од преземањето на власта во понеделникот дека на крајот ќе бидат одржани нови избори, предизвика презир. Мин ги повтори обвинувањата кои не ги прифаќа меѓународната заедница за изборна измама во ноември 2020 година на кои убедливо победи NLD на Аунг Суу Кји.

„Ќе е бориме и натами“, се наведува во изјавата на познатиот млад поет и активист Маунг Саунгк, во којашто повикува на ослободување на политичките затвореници и „целосен пад на диктатурата“.

Младите активисти, исто така, бараат укинување на системот кој на армијата ѝ го дава правото на ставање вето во парламентот на Мјанмар. Повозрасната генерација активисти, формирана во крвавото гушење на протестите во 1988 година, повика на продолжување на штрајкот на владините службеници во следните три седмици.

Сите западните влади го осудија превратот, иако досега имаше малку конкретни активности за спроведување на притисок врз мјанмарските генерали.

Советот за безбедност при Обединетите нации побара ослободување на Аунг Суу Кји и дригите притворени политичари. Советот на ОН за човекови права на барање на Велика Британија и Европската унија ќе одржи во петок специјално заседание на коешто ќе се дискутира за кризата во Мјанмар.