Полицијата во Париз со водени топови кон пожарникарите кои протестираа

Француската полиција денеска употреби солзавец и водени топови во судирите со пожарникарите кои протестираат во Париз, незадоволни од работните услови.

Пожарникарите се обиделе да се качат на железната ограда околу зградата на Долниот дом на францускиот парламент, по што полицијата кон нив испукала солзавец. Демонстрантите потоа се преселиле во источниот дел на Париз, каде се судрија со полицијата, која повторно употреби солзавец.

Илјадници пожарникари се собраа на денешниот протест во Париз, изразувајќи незадоволство од ниските плати и тешките работни услови.

Пожарникарите рекоа дека сакаат да знаат дали имаат поддршка од владата. Протестот на пожарникарите се одвива по сличните протести на полицајците во Париз. На протестот се собраа пожарникарите од целата земја.