На територијата на град Скопје, во рамките на засилените акциски контроли на МВР во областа на сообраќајот изречени се вкупно 250 казни.
Од вкупниот број казни, 16 се за возење без возачка дозвола, 77 за пречекорување на дозволената брзина на движење, 18 за технички неисправни и нерегистрирани возила, а 66 мерки за непрописно паркирање. Со „пајак“ се подигнати 61 возило, а напишани се и 33 казни за неносење на заштитна маска.
МВР соопшти дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот.