Триесетгодишниот А.М. од Велес, вработен како шумски инжинер доби кривична пријава поради злоупотреба на должноста.
Тој во својство на лиценциран шумски инжинер во неговиот правен субјект „Александар Форест“ искористувајќи ја службената положба и овластување, со неговиот чекан со жиг, извршил жигосување на 2,8 м3 дрвна маса, за која знаел дека потекнува од бесправна сеча.