Полицијата поставува барикади и подготвува водени топови, откако претходно беа извадени бекатон плочките пред скопскиот Кривичен суд откако ВМРО-ДПМНЕ најави протест во 13,30 часот пред овој суд со кој ќе го искаже револтот и во одбрана на кои власта по масовните апсења во понеделникот утрото сака да ги поистовети со терористи.
Пред судот веќе се собрани неколку десетици граѓани а во 13,30 часот пред Кривичниот суд е закажан протест на ВМРО-ДПМНЕ по апсењата на пратениците од оваа партија, поранешни функционери и граѓани кои за насилните протести на 27-ми април се осомничени за кривичното дело тероризам. Во исто време во седиштето на партијата прес-конференција ќе одржи лидерот на партијата, Никола Груевски кој потоа ќе се придружи на протестот.
„Во момент кога Владата разгледува предлог закон за ослободување на криминалците од затвор, кога се најавува ослободување на убијците од Смилковско езеро и кога убијци се шетаат слободни по улиците, Зоран Заев нарачува политички прогон врз ВМРО ДПМНЕ заради наводно терористичко загрозување на уставниот поредок“, стои во соопштението на СДСМ.
„ВМРО ДПМНЕ ги повикува сите членови и симпатизери на партијата и сите граѓани кои не се согласуваат со антидржаната политика на владеачката хунта да излезат на протест пред основниот суд Скопје во 13:30 часот“, се вели во соопштението на партијата.
Во судот во моментов се поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, и пратеникот Крсто Мукоски.
Јавното обвинителство отвори постапка против 36 лица за „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.