
Британските детективи кои го истржуваат труењето на две лица со нервниот агенс „новичок“ во јужна Англија, откриле како затруените дошле во контакт со оваа смртоносна супстанција, објави АП.
Лондонската полиција изјави дека при претресот на Чарли Роули, еден од двајцата отруени, „новичок“ бил откриен во во шишене и дека отровот бил потврден по тестирање на содрќината на шишенцето.
Полицијата продолжува да истражува од каде потекнува шишенцето и како тоа се нашло во куќата на Роули.
Според АП, во САД ќе се вршат дополнителни тестови за да се утврди дали тоа е „новичок“ од истата серија како онаа со која беа отруени поранешниот двоен агент Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, во март годинава.
Освен Роули(45)отруена беше и Даун Старџес (44) која почина пред една недела. Нејзиниот пријател неодамна се освести, но уште е во болница во критична, но стабилна состојба.
Дајцата биле отруени на само неколку километри од местото каде што со „новичок“ беа нападнати Скрипал и неговата ќерка.