Полицијата вечерва врши претрес во станот во Скопје на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, а одземен е и нејзиниот мобилен телефон. Оваа информација е потврдена и од Обвинителството.
Денеска две вести ја разбрануваа јавноста во Македонија- оставката на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и апсењето на Бојан Јовановски (Боки 13) и Зоран Милевски – Кичеец за медиумски рекет на бизнисмен кој изнесувал 1.5 милиони евра.
Економски Лидер објави дека оставката на Јанева е поврзана токму со апсењето на Јовановски и Милевски, затоа што, двајцата изнудувале пари од познат бизнисмен за да стопираат истражна постапка на Специјалното Јавно Обвинителство. Неофицијално, станува збор за случајот Империја.