![Policiski cas vo Skopјe](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/02/Policiski-cas-vo-Skop-e.jpg?resize=696%2C433&ssl=1)
Големата полициска акција која започна претпладне во Прилеп, и натаму е во тек. Акцијата се спроведува за разбивање на голема група на лица осомничени за трговија со дрога и наркотици.
Како што пренесува „Сител“ од неофицијални информации, во акцијата се трага по дрога, кокаин, хероин и марихуана, а досега биле уапсени 7 лица, додека осомничени биле 20.
Полицијата најавила повеќе детали во текот на утрешниот ден, а акцијата ќе биде во тек и во текот на викендот.
Неофицијално меѓу осомничените се сопственици и менаџери на локали и хотели, како и полициски службеници.
Во досегашниот дел од акцијата биле запленети мобилни телефони и пари, а во акцијата учествувале и инспектори од Скопје, како и кучиња трагачи.