(Не)професионалните решенија и кршењето на Законот за внатрешни работи под раководство на СДСМ, не престанаа да го уриваат дигнитетот на МВР.
Почнувајќи од моментот кога Оливер Спасовски како потпретседател во таа партија беше предложен за министер за внатрешни работи, партизацијата на структурата во оваа институција не престана.
Непосредно, пред создавањето на техничката влада и заминувањето на Спасовски на премиерска позиција, во МВР е направена комплетно нова партиска структура на раководните места. А новите полициски функционери, напоредно покрај профеционалните активности, редовно си ги извршуваат и партиските.
Наспроти ваквите флагрантни прекршувања на прописите, во Законот за внатрешни работи, во членот 168 стои: „Работник во министерството не смее да основа, да раководи, да ја застапува и претставува политичката партија и да биде член на органите на партијата утврдени со нејзиниот статут“…
Видеата подолу го докажуваат тоа и се мал дел од мозаикот и јасна илустрација на незаконското работење во МВР под палката на Спасовски.
Светлана Василева новата началничка на СВР Валандово, Танчо Пројковски началник на ОВР Струмица и Трајче Стоилов началник на граничната полиција на југоисточниот регион се снимени како влегуваат во штабот на СДСМ во Валандово.
Членувањето во политичка партија особено е спорно кај вработените во МВР кои се дел од раководните органи на министерството. Партизацијата во ваква клучна институција може да влијае на селективност во правдата, но и да се доведе во прашање квалитетот на кадрите, бидејќи професионалноста се занемарува на сметка на „успешните“ партиски активности.