Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев ќе побара ново заострување на мерките за спречување на ширењето на коронавирусот. Тој извести дека по првата ноќ со полициски час генерално во државава се почитувале мерките за ограничено движење на граѓаните.
„На координативен штаб утрово во Министерството за внатрешни работи донесовме одлука за заострување на мерките. Доколку бидат усвоени од Владата и се донесат, јавноста ќе биде информирана“, рече министерот Чулев.
Изминатата ноќ полицискиот час го прекршиле вкупно 18 лица на територијата на државата. Од нив, пет лица од Тетово и две лица од Гостивар, кои и покрај опомената и укажувањето од полицајците, се однесувале агресивно кон нив, по што се уапсени. Две лица од Куманово не ја почитувале забраната и кај нив е е најдено и оруже. Полицискиот час го прекршиле и по едно лица од Штип и Радовиш, шест од Кочани, додека во Виница е регистрирано едно прекршување, но лицето побегнало. Опоменати се 74 лица, кои биле во приватни возила.
До сега МВР поднесе девет кривични пријави поднесени по член 206 од Кривичниот закон.Се работи на поднесување кривични пријави за останатите сторители.