Денеска ( 02.08.2024) хеликоптерите на Одделот за воздухопловни единици на МВР фрлија преку 105 тони вода врз пожарите кај с. Семениште, Јасен и светиниколско.
Хеликоптерот Ми-171 дејствуваше во реонот на Св.Николе-Пробиштип и Јасен, а хеликоптерот Бел-412 дејствуваше во реонот на Сарај, кај село Семениште, соопштија од МВР.