Проблемот со образованието во Општина Чашка, си има една своја историја и започнува со доселувањето и населување на етнички Албанци од село Горно Јаболчиште во село Бањица, после воениот конфликт 2001 година во Македонија. Селото Бањица е на околу 10 километри оддалечено од населеното место Чашка, кое е административен центар на општината и во тој период е населено исклучиво со Македонци. Меѓутоа, поради староста на населението во селото и иселувањето на младите, тие се решаваат да ги продаваат своите имоти. Нормално, Албанците од Јаболчиште нудат големи суми на пари за да ги земат овие имоти кои се наоѓаат во низина за разлика од нивното место на живеење, плаќајќи десеткратно повисоки цени од пазарните. За краток период селото населено со етнички чисти Македонци се преобразува во село со етнички Албанци кои комплетно доминираат со имотите во атарот на село Бањица. Аналогно на тоа, поради нивната голема репродуктивност и зголемен наталитет, се наметнува потреба од учење на децата од Бањица на мајчин – албански јазик.
Од таквите причини, локалната власт во општината, во 2011 година, обезбедува парцела со комуналии за изградба на училиште во селото Бањица, но секогаш поради честите избори (2011, 2013, 2014, 2016, 2017, 2020, 2021 и овие престојните 2024 година), наместо да се прифати предлогот, Албанците го користат во политички цели и за кревање на етнички тензии. Оваа година, повторно затоа што е предизборна, исто така се злоупотребува од страна на албанските политички партии овој случај, со тоа што повторно инсистираат да бидат запишани ученици во Општинското основно училиште „Тодор Јанев“ – Чашка, наместо да им се изгради модуларно училиште за кое има веќе како што кажав обезбедено парцела и платени комуналии.
Посебно што останува впечатливо, пратеникот од опозицијата од Велес и претставник на населението во општина Чашка, во Собранието на Република Македонија, предложил да се издвојат средства од државниот буџет за 2024 за истата намена, но амандманот бил веднаш одбиен. Со што јасна е интенцијата на Власта дека немаат намера да го решат овој децениски проблем. Смислена политичка активност на министерот за финансии (кој е член на политичката партија ДУИ).
Во Општинското основно училиште „Тодор Јанев“-Чашка, учат ученици од Чашка кои се етнички Македонци, а барањето на Министерството за образование и наука и Државниот просветен инспекторат, односно на министерот Јетон Шаќири, неговиот заменик министер Агим Нухиу (од политичката партија ДУИ), како и на Директорот на државниот просветен инспекторат Халит Фератов (од политичката партија на Алијанса на Албанците) е да се отвори албанска паралалка во истото училиште, кое не наидува на одобрување од страна на Советот на родители. Советот на родители оди и чекор понапред, нудејќи преку меѓуопштинска соработка со општина Велес, тие 6 (шест) ученици времено да учат во село Сливник (општина Велес) додека не се изгради модуларното училиште кое би било подрачно на ООУ „Тодор Јанев“-Чашка.
Она што загрижува (политички) е инсистирањето од страна на Министерството за образование и наука и Државниот просветен инспекторат да се избере овој начин, без притоа да мислат на благостојбата на учениците, односно чисто заради етнички побуди, свесно ги тераат да патуваат секојдневно по 20 километри, само за да се демонстрира моќ. Таа моќ ја демонстрираше, прво заменикот министер за образование Агим Нухиу, па министерот Јетон Шаќири, па директорот на Државниот просветен инспекторат Халит Фератов, како и директорот на Бирото за образование и наука. Целиот овој проблем и целиот образовен систем е узурпиран преку министер, заменик министер, директор на ДПИ и директор на БРО, министер за финансии, односно од политичките партии Демократската унија за интеграција и Партијата Алијанса на Албанците (крилото на пратеникот Села).
Директорот на Државниот просветен инспекторат Халит Ферати е жител на село Горно Јаболчиште, па поради предизборието, како и желбата за албанизација на општината, можеби и амбициите да биде кандидат за градоначалник на Чашка, прави сѐ за да се оствари оваа скриена територијална претензија.
Целиот овој процес, кој е политички наметнат во предизборието кој се очекува во првата половина на 2024 година, многу лесно законски се оспорува преку совесни, професионални просветни, трудови и финансиски инспектори кои доколку ги разгледаат сите документи и одлуки ќе увидат дека има кршење на секој можен закон, а притоа и училиштето е оставено без орган за управување, односно училишен одбор.
По одземањето на ингеренциите на градоначалникот на општината Чашка од ООУ „Тодор Јанев“ – Чашка и разрешување на директорот, министерот Јетон Шаќири ја назначува за ВД директор одделенската наставничка Елена Николова. Таа треба ги извршува сите одлуки по барање на министерот и директорот на Државниот просветен инспекторат Халит Фератов, без учество на органот на управување (незаконски), односно, поконкретно кажано училиштето е оставено без орган на управување. За ваквиот незаконски и политички акт, ВД директорката Елена Николова, е наградена со вработување на нејзината ќерка Теодора Матиевиќ во Државниот просветен инспекторат-Советник на директорот Халит Фератов. А, покрај ќерката на ВД директорката, наградени ќе бидат со унапредување во повисоко звање и некои просветни инспектори.
За ваквиот политички, насилен и незаконски образовен криминал и вмешаност на министрите на образование, финансии, директорот на Државниот просветен инспекторат и БРО, ќе бидат информирани УНИЦЕФ во Македонија како и Американската амбасада и Холандската амбасада во Македонија, но и другите меѓународни институции кои го третираат образовното прашање.
Сѐ во борба против демонстрирање на политичка моќ, насилие и образовен криминал!
Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес