Политички замерки ја натераа Сара Џесика Паркер да ги ги затвори коментарите за „Медена земја“

Сара Џесика Паркер објави пост во кој им препорачува на сите да го изгледаат македонскиот филм Honeyland (Медена земја) кој се емитува во Њујорк.

Но, наместо нејзината намера да биде добро сфатена и прифатена, таа стана мета на критики од политички карактер.

„Медена земја – восхитувачка, неверојатна, интимна а сепак епска приказна за пчеларката Хатиџе Муратова. Жена која нема да ја заборавам. Постои добра причина зошто филмот ја добива секоја награда за документарец.

Честитки за режисерите Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и ви благодарам што ни овозможивте визуелно патување до малото селце во Република Македонија. Моментално се емитува во Њујорк, чувствувам дека ќе биде номиниран за Оскар!“ – стои во објавата на нејзиниот Инстаграм.

Како што може да претпоставите, она за што беше критикувана е недостигот на „Северна“ во името, а многумина го занемарија фактот дека нејзината намера е да им препорача на сите да го изгледаат филмот, а не да навлегува во политички конфликти.

zaradi-politichki-kritiki-sara-jessica-parker-gi-zatvori-komentarite-na-postot-so-preporaka-za-da-go-izgledate-medena-zemja-02.JPG

Покрај Грците кои се побунија за нејзината неинформираност за промената на името на нашата земја, многумина тврдат дека во коментарите се наоѓале и Македонци кои ја критикуваат за погрешно напишаното име.

„Името на земјата е променето во Република Северна Македонија/Македонија е грчка/Смени го името во Северна Македонија“ беа дел од коментарите на корисниците кои ја нападнаа актерката, по што таа им се извини за грешката и во објавата додаде „Република Северна Македонија“.

Сепак, очигледно и тоа не било доволно за луѓето да престанат да ја критикуваат и да обрнуваат внимание на нејзината грешка, па актерката беше приморана да ги исклучи коментарите, целосно да го тргне името на нашата земја од нејзината објава и да објасни зошто го направила тоа.

„Има премногу дискусии за овој пост. Поточно, за името на земјата. Мојата цел беше да привлечам што поголем дел публика за оваа неверојатна приказна и документарец. Не заземам политичка позиција бидејќи не сум доволно информирана. Ќе се потрудам да научам повеќе, а се надевам дека вие ќе се потрудите да бидете дел од публиката на Медена земја.“

Па така сега, очигледно за многумина е подобро да не стои ништо за земјата, отколку старото име на земјата, што беше ненамерна грешка на актерката.

М. М. | Црнобело

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

24-годишна девојка стана мета на критики – трудничкиот стомак ѝ бил пр…Бела беше нападната затоа што воопшто не изгледала како да очекува дете. Луѓето …

Земја со 6 годишни времиња, 1600 јазици и плаќање со отпад наместо со …Со дури 1600 различни јазици и шестина од светското население коешто ја нарекува…

„Не мислев дека сте бордел“ – ресторан стана мета на критики, поради ф…Лошиот маркетинг потег на еден ресторан се прошири вирално. „Извинете но не е до…