Верхофштат: Само со политичко решение на сирискиот конфликт, ќе се стави крај на бегалската криза

Глетката на безживотното тело на Ајлан Курди на турската плажа во септември минатата година го потресе светот, а во месеците кои следеа по таа трагедија ни беше дозволено да мислиме дека интензитетот на бегалската криза е намален, но за зал жал тоа е далеку од вистината, пишува претседателот на групата на либералите и демократите (АЛДЕ) во Европскиот парламент, Ги Верхофштат за британскиот весник „Индепендент“, пренесува МИА.

Хуманитарната состојба се влошува, а бројот на луѓето, кои го ризикуваат својот живот за да стигнат до безбедната Европа, драстично се зголемува со интензивирање на насилството во Сирија. Само политичко решение за прекин на сирискиот конфликт со учество на сите регионални актери и Русија ќе стави крај на кризата. Дури и да биде постигнат одреден напредок кон политичкото уредување, јасно е дека не може брзо да се донесе решение. На таа карта Европа нема време да игра, предупредува Верхофштат, кој е поранешен премиер на Белгија.

Верхофштат: Само со политичко решение на сирискиот конфликт, ќе се стави крај на бегалската криза
Верхофштат: Само со политичко решение на сирискиот конфликт, ќе се стави крај на бегалската криза

Тажната вистина е дека по месеци на средби на високо ниво, посветени на кризата, одлуката за бегалската криза е далеку и дури се доближуваме до критичната точка, нагласи тој.

Оваа година ќе биде потешка од претходната

Верхофштат истакна дека и покрај патоказите со мерките, кои треба да се преземат колективно на европско ниво, во пракса недостига политичка војла.

Како што утврди и британскиот премиер Дејвид Камерон постигнувањето на промени во Европа е тешка работа. Тоа бара согласност од сите 28 премиери, а секој од нив е обврзан со националната коалиција или партија, кои често го ставаат на прво место рејтингот, пред јавниот интерес, додаде тој.

Според него оваа година ќе биде потешка за Европа од претходната.

Ако 2015 беше ужасна година за европскиот контингент, 2016-та ќе биде уште потешка. Опасноста од Брекзит, Грекзит, од експанзионистичка Русија, заканите од нови терористички напади, проследени со несигурните економски перспкетиви и нерешени должнички кризи покажуваат дека оваа година е година на подем или пад, нагласи Верхофштат.