„Политико“: Бугарија ќе го блокира почетокот на преговорите

Амбасадорите на земјите-членки на ЕУ ќе ги разгледаат преговорите за пристапување на Албанија и Северна Македонија.

Според дипломатски извори цитирани од „Политико“, се очекува Бугарија да каже „не“ за почетокот на првата меѓувладина конференција со Северна Македонија, што е прв чекор назад по патот, пишува БНР новините.

Според документ доставен од Софија до земјите-членки, со кој располага изданието, Бугарија како причина ја истакнува спонзорираната од државата антибугарска идеологија.