![Untitled](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/Untitled-6.jpg?resize=687%2C382&ssl=1)
Коронавирусот се шири низ Македонија со голем замав, бројот на заразени и починати драстично расте.
Додека сме сведоци на рекордни бројки на заразени, младите во Свети Николе се забавуваа синоќа во дискотека, без маски и без да бидат запазени мерки со што се изложуваат на голем ризик.
Во Свети Николе од почетокот на пандемијата со коронавирус се заразиле 371 лице. Само во текот на вчерашниот ден има 12 новозаразени. Ваквите забави со сигурност ќе донесат уште случаи.