Повеќе од 500.000 луѓе ги напуштиле своите домови во индиската североисточна сојузна држава Ассам, бегајќи пред големите поплави предизвикани од предмонсунските дождови во кои досега се удавила седум луѓе, соопштија властите во средата и предупредија дека ситуацијата може да се влоши.
Брамапутра, една од најголемите реки на светот, се излаела од своето корито во Ассам поплавувајќи повеќе од 1.500 села. Обилните дождови зафатиле поголем дел од оваа сојузна држава.
„Погодени се повеќе од 500.000 луѓе, а ситуацијата со поплавите од час во час е сѐ покритична“, изјавил за агенцијата Reuters државниот министер за водни ресурси Пиџуш Хазарика, додавајќи дека седум луѓе се удавиле во одвоени инциденти во текот на последните три дена,
Индиските војници спасиле повеќе од 2.000 луѓе заробени во округот Хоџаи, изјави државниот министер за здравство Кешаб Маханта, додавајќи дека спасувачките напори продолжуваат. Се очекува натамошен раст на нивото на водата во Брамапутра, предупредија сојузните власт.
„Ситуацијата и натаму е исклучително сериозна во најтешко погодениот округ Дима Хасао, каде што се прекинати железничките и патните врски поради полавите и свлечиштата“, соопштија властите.
Од друга страна, многу градови во другите делови на Индија, вклучително и главниот град Њу Делхи, се погодени од топлотен бран.