Шпетим Положани, претседател на здружението на албанските политички затвореници во Македонија, во интервју за Шења, медиумот на албански јазик во Македонија, говори за манипулацијата од страна на СДСМ кон македонските Албанци за време на декемвриските избори, на кои им биле ветувани противправни ослободувања од затвор за луѓе кои се осудени за тешки кривични дела и чии роднини во надеж дека нивните блиски ќе бидат ослободени агитирале за СДСМ.
На прашањето како го објаснува фактот дека илјадници Албанци на последните избори гласаа за СДСМ, Шпетим Положани одговара дека на последните избори СДСМ ја искористиле апатијата кај албанските гласачи да ги манипулираат.
„На последните парламентарни избори, наследниците на македонските комунисти – СДСМ, направија уште една манупулација против Албанците. СДСМ, заедно со нивните албански алатки ја искористи апатијата која кај албанскиот електорат е настаната од двете парламентарни албански партии, ДУИ И ДПА. И на сметка на оваа апатија го создадоа ситуација албанскиот електорат да гласа за нив. Таквата насоченост на албанските гласови не е нормална појава, бидејќи ако е нормално една македонска партија да има албански гласови, тогаш би било нормално да има и македонски гласови за албанските партии“, вели Положани.
Во продолжение челникот на здружението на албанските политички затвореници во Македонијаој ги открива манипулациите со кои СДСМ се служел за манипуларање на албанскиот електорат.
„Имам евидентирано неколку случаи каде на албански семејства, СДСМ им има ветено дека ако гласаат за нив ќе ги ослободи од различни кривични пријави, дека ќе им дадат некаквиси привелегии, секако ако дојдат на власт. Самиот факт дека СДСМ има најмногу албански гласови во руралните места, таму каде што полесно луѓето се контролираат, кажува дека тие гласови ги има добиено со манупулирање и празни ветувања. И добро е што СДСМ нема гласови од албански интелектуалци“, истакнува Положани.
Запрашан како го гледа влегувањето на СДСМ во албанскиот камп, Положани, пак, е многу јасен.
„СДСМ ги зеде албанските гласови со една класична манипулација, што не е новина. Тие им ветија на фамилиите на затворениците дека ќе ги ослободат од затвор нивните деца или блиски, ако гласаат за СДСМ“, појснува.
„Како е можно тие затвореници за кои се аргументирани тешки кривични дела, да бидат ослободени“, прашува Положани.
Споменувајќи еден класичен пример, вели: „Еден родител оди од куќа на куќа да моли за гласови, демек така ќе излезе неговиот син од затвор, кој е осуден на 12 години, затоа што во неговото возило му нашле 15 килограми кокаин“.
„Ваквата насоченост на гласовите не е природен феномен за местото и времето во кое се наоѓаме. На наредните избори тие гласови ќе се вратат кај албанските партии, секако откако Албанците ќе се разочараат од неисполнувањето на ветувањата од страна на СДСМ“, заклучува Положани.