Полските власти чекаат појаснување од официјален Берлин во врска со изјавата на германскиот канцелар Олаф Шолц за ревизија на полско-германските граници, изјави во понеделникот шефот на полското Биро за национална безбедност, Павел Солох.
„За враќање на довербата по овие изјави, од германска и од страна на самиот канцелар, треба да се слушнат појаснување кои сѐ би објасниле. Доколку изостанат, тогаш имаме право да тоа да го толкуваме како сигнал, ако не како закана, тогаш како демонстрација, дека оваа владата го гарантира дека тоа прашање нема да биде покренато“, изјави Солох за полската јавна телевизија.
Солох признава дека изјавата на германскиот канцелар била дадена во заднината на дискусиите во Полска и барањата за репарации од Германија за штетите во Втората светска војна.
„Ова совпаѓање не е случајно. Фактот што тоа не остана само на обид тоа прашање да се забошоти, туку и детално да се објаснува од германска страна, може да провоцира најлоши асоцијации“, додава шефот на безбедносната служба на Полска.
Германскиот канцелар Олаф Шолц на церемонијата на доделувањето на наградите M100 Media Award во Потсдам, во присуство на поранешниот челник на Европскиот совет и актуелен лидер на полската опозиција Доналд Туск, изјави дека би сакал некој „да копа по историските книги, за да направи ревизионистички промени на границите“. Полските медиуми оценија дека изјавата е поврзана со спорот за исплата на воените репарации на Полска, иако Шолц во својот говор нагласи дека границата „засекогаш е воспоставена по стотиците години историја“.
Во Полска од пред неколку години се поставува прашањето за исплатата на репарациите за штетите кои во текот на Втората светска војна ги предизвикале германските нацистички сили. Минатата седмица полскиот Сејм (парламентот) ја поддржа резолуцијата со којашто се бара исплата на репарацијата. Претходно полската влада соопшти дека висината на отштетата која се бара од Берлин изнесува 6,2 трилиони злоти, или 1,3 трилиони долари.
Германската влада одговори дека нема намера да ѝ плати ништо на Полска. Во Берлин сметаат дека репарациите што ги добила Варшава се доволни и дека нема основа да се става под сомневање откажувањето на Полска од нив во 1953 година. Германското Министерство за надворешни работи потврди дека смета оти ова прашање е затворено, а истовремено и дека Германија и натаму ја понесува политичката и моралната одговорност за Втората светска војна.