Полска го обвини Брисел за „бирократски централизам“

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки го критикуваше водството на Европската унија поради „бирократскиот централизам“, бидејќи Европската комисија покрена бова постапја против одлуката на полскиот Уставен суд којашто ја проблематизиран надреденоста на правото на Унијата над националното право.

Моравјецки изјави дека одлуката на Европската комисија за отпочнување нова казнена ппостпака против Полска покажува дека „тенденцијата на Бриселн кон развојот на демократскиот централизам, бирократскиот централизам, за жал, напредува, но на тоа мора да му се стави крајот“.

Полскиот премиер истакна дека воопшто не се согласува со одлуката на Европската комисија.

„Мислам дека сите држави членки на ЕУ гледаат дека во крајна линија некаде мора да постои граница на надлежнсота, она за што Европската комисија може да одлучува ио она за што може да носи одлуки полската држава“, рече Моравјецки.

Европската комисија покрена во средата постапка против Полска поради одлуката на тамошниот Уставен суд според којашто правото на ЕУ не може да биде надредено врз полското. Полскиот Уставен суд во своите одлуки од 14-ти јули о 7-ми октомври годинава утврди дека некои одредби од дооворот за ЕУ не се во согласност со Уставот на Полска, доведувајќи го во прашање приматот на правото на Унијата.

ЕК во средата и упати на Полска официјална опомена, што е првиот чекор во постапката којашто може да заврши пред Судот на ЕУ. Полска има рок од два месеца за одговор на опомената.

Комисијата, исто така, смета дека пресудрите на полскиот Уставен суд ги кршат општите принципи на автономијата, приматот на правото на ЕУ, ефикасноста и еднообразната промена на правото на ЕУ, како и обрзувачкиот ефект на пресудите на Судот на ЕУ. Комисијата ги доведува во прашање и независноста и непристрасноста на полскиот Уставен суд и смета дке тој не ги исполнува барањата за да се смета суд според претходно усвоениот закон.

Полска неколку години наназад е во судир со бирократите во Брисел, поради правосудните реформи коишто ги спроведува тамошната владејачка конзервативна коалиција, а Судот на ЕУ веќе донесе некои пресуди против Полска која е казнета со глоба во милионски изности. Варшава повеќепати наведе дека реформите ги спроведува поради конечно расчистување со остатоците од комунизмот, а односот на Брисел го споредува со периодот на стегите од некогашниот „комунистички лагер“ кога сите одлуки беа носени во Советскиот сојуз.