Полска испушти победа против Русија

Полската ракометна репрезентација беше блиску до првата победа во главната рунда на Европското првенство откако против Русија ремизираа 29-29.

Херој на мечот беше Сергеј Косоротов, кој погоди со звукот на сирената од преку дванаесет метри за конечна поделба на бодовите.

Косоротов и Житников комбинираа за 15 гола, но тоа не го искористи Русија да го добие драматичниот финиш на натпрварот одигран во Братислава.

На крај селекцијата на Велимир Петковиќ имаше среќа што не остана со празни раце и се задоволи со еден освоен бод.