Полска ќе купи 48 борбени авиони од моделот „FA-50“, прва пратка од 180 тенкови од моделот „K2 Black Panther“ и хаубици од Јужна Кореја, изјави во петокот полскиот министер за одбрана додека Варшава ја јакне својата армија во заднината на војната во Украина, каде што ги испорача своите застарени оружја од советско и руско производство.
Полска, којашто е историски непријател на Русија, и се претставува како ударна сила на НАТО на ткн Источното крило на Алијансата, вети дека ќе ги зголеми издвојувањата за одбраната на 3 отсто од бруто домашниот производ и повеќе од двојно ќе го зголеми бројот на војниците, под изговор за да може да одврати наводен напад.
„Годинава ќе биде испорачана првата пратка и вкупно ќе има 180 (K2 Black Panther) тенкови, а на крајот тие тенкови ќе бидат произведувани во Полска“, вели министерот за одбрана Мариуш Блашчак во исечок од интервјуто за конзервативниот весник Sieci објавен во интернет изданието.
Блашчак вели дека Полска, исто така, ќе купи хаубици и борбени авиони „FA-50“ од Јужна Кореја.
„Заинтересирани сме за купување три ескадрили, односно 48 авиони. Првиот авион би ѝ бил испорачан на Полска следната година“, додава министерот за одбрана.
Весникот забележува дека тенкот „K2 Black Panther“ го произведува компанијата „Hyundai Rotem“, а борбениот авион „FA-50“ е производ на „Korea Aerospace Industries“ (KAI).