Бројот на лицата заразени со новиот коронавирус во Полска надмина во средата милион од почетокот на пандемијата, а вториот бран од заразата се покажа како посериозен од првиот во кој земјата со благовремено преземените мерки релативно успешно се справи.
Дневниот број на новите зарази опаднал од порастот во октомври и на почетокот од ноември когата имаше масовни протести, но според податоците на Светската здраватстена организација, Полска е една од земјите во Европската унија со најниска стапка на тестирања и една од оние со најголем сооднос на позитивните тестови.
Во средата се потврдени нови 13.855 случаи на заразата и 609 смртни исходи како последица од компликациите во врска со Covid-19, објави полското министерство за здрваство.
Со тоа во земјата која има 38 милиони жители вкупниот број заразени од почетокот на епидемијата се искачи на 1.013.747, и на 18.208 смртни случаи.
Но Полска, за разлика од другите европски земји, не чувствува преоптовареност на својот болнички систем. Така, во моментов има 20.855 пациенти хоспитализирани со Covid-19, од вкупно 39.051 достапни болнички кревети. Во моментов ковид-пациентите користат 2.023 респиратори од вкупно 3.106 кои се на располагање во болниците.
Според најавите, премеирот Матеуш Моравјецки оваа седмица треба да ги претстави поединостите од програмата за вакцинирање против коронавирусот во земјата. Министерот за здравство, Адам Ниедзелски во средата за приватното полско радио TOK FM изјави дека вакцината против Covid-19 во Полска би требало да стата до јануари или февруари.