Полска: Опозицијата во водство според излезните анкети

Опозицискиот блок во Полска кој се опишува како проверопски освоил мнозинство на парламентарните избори во неделата, покажуваат излезните анкети и доколку се остварат прогозните владејачката десна суверенистичка партија Право и справедливост (PiS) нема да го добие третиот последователен мандат.

Трите опозициски партиии од центарот, Граѓанската коалиција (КО), Третиот пат – демохристијани и Левицата, освоиле 248 мандатот во Сејмот (парламентот) со 460 пратеници, додека PiS и неговите коалициски партнери од крајната десница Конфедерација имаат 212 мандати, според излезните анкети.

„Не е јасно дали неделните резултати од изборите во Полска ќе завршат со нов мандат за валдејачката парти“, рече претседателот на PiS, Јарослав Качински.

Неговиот партиски колега, полскиот премиер Матеуш Моравјецки, порача преку социјалните мрежи дека PiS е „победник на изборите“.

Лидерот на КО, поранешниот премиер и европски челник Доналд Туск, обвинуван во кампањата за проруски ставови, во неделата вечерта изјави дека „победи демократијата“ и дека PiS „ќе си замине од власта“.

„Никогаш не сим бил толку среќен како што сум денес на второто место. Демократијата победи. Го тргнавме PiS од власта“, изјави Туск.

Во првата изјава Славомир Ментзен, челниот на Конфедерација, изјави дека резултатите на неговата партија се под очекувањата, бидејќи добила само 6,2 отсто од гласовите.