Полска се спротиставува на предлогот на Европската унија за задолжителното штедење на земјите членки од 15 отсто на потрошувачката на гасот поради несигурноста при снабдувањето со енергенсот од Русија, пренесува во понеделникто служќбената новинска агенција PAP.
„Можеме да разговараме за доброволните механизми, можеме да разговараме за штедења во поединечните земји членки“, изјавила министерката за животна средина и лима Ана Москва, но додала дека е тешко да се постигне согласност за општата цел за штедење „без да се знае каква ќе биде претстојната зима“.
Како што пренесува агенцијата PAP, министерката притоа истакнала дека складиштата за гас во Полска „веќе се полни“.
Германија, водечката економија во ЕУ и на континентот, се соочува со енергетска криза откако рускиот енергетски гигант „Газпром“ најави дека ќе го намали протокот на гасот преку гасоводот Северен тек 1 до Германија за 20 отсто од максималниот капаците, наведувајќи како причина ремонт на втора гасна турбина во системо.
Германските политичари стравуваат дека тоа е само изговори и руска одмазда за германската поддршка на Украина и воведувањето санкции против Русија поради нејзината воена интервенција во соседната земја.
Министрите за енергетика на земјите членки на ЕУ во вторникот во Брисел ќе дискутираат за предлогот на Европската комисија за намалување на потрошувачката на гасот од 15 отсто. Планот на ЕК ги повикува сите држави во ЕУ доброволно да ја намалат сопствената потрошувачка на гасот за најмалку 15 отсто во периодот меѓу 1-ви август и 31-ви март, давајќи ѝ можност и за одредување на намалување на потрошувачката во случај на сериозна криза со гасот.
Претходно во понеделникот германската новинска агенција DPA ја објави изјавата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен која истакна дека дури и европските земји кои не зависат од рускиот гас мора да покажат солидарност со оние кои се принудени да вложат напори за штедење поради претстојните (можни) прекинувања на испораките
Фон дер Лејен оцени дека стопанствата и економиите во ЕУ се испреплетени, истакнувајќи дека гасната криза во некоја форма ќе ја погоди секоја држава членка.
„Затоа е важно сите држави членки да ја зауздаат побарувачката, сите да складираат повеќе и да делат со оние членки кои се повеќе погодени“, вели фон дер Лејен.
Нејзината изјава следеше по критиките од Шпанија и Португалија на сметка на планот за вонредни ситуации со гасот кој го предложи ЕК. Владата во Лисабон го оцени планот „неодржлив“ и рече дека нејзината потрошувачка на гасот е „апсолутна потреба“.