Полска се подготвува за вооружен пуч во Белорусија? Песков порача, „ќе ја браниме братската држава“

фото: твитер/принтскрин

Полска се подготвува за вооружен пуч во Белорусија и учествува во нејзината воена поддршка, изјави поранешниот заменик министер за национална одбрана на Полска, генерал Валдемар Скшипчак, со што ја потврди изјавата на белорускиот лидер Александар Лукашенко во врска со тоа. Се подготвуваме за востание во Белорусија, бидејќи тоа ќе се случи, изјави Скшипчак за ТВ „Полсат“.

– Ќе биде неопходно да се поддржи армијата што ќе ја води операцијата против Лукашенко – посочи генералот.

Според неговото мислење, во „востанието“ можат да се приклучат и Белорусите кои моментално учествуваат во борбите на страната на Украина.

– Тие ќе одат во Белорусија. Се надевам дека тоа ќе доведе до востание во Белорусија, а Лукашенко се плаши од тоа – вели Скшипчак.

На изјавите на полскиот генерал реагираше портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Белорусија е наш партнер, сојузник и наша братска држава. Се разбира, Руската Федерација има обврска да ја обезбеди безбедноста на Белорусија, што ќе го направиме во услови на таква очигледна закана – нагласи Песков.

Според него, Полска е непријателска земја за Русија, чие раководство е „жив излив на русофобија“.

– И гледаме дека оваа земја е непријателска кон нас, всушност отворено зборува за својата намера директно, вклучително и со сила, да се меша во внатрешните работи на соседната земја – додаде портпаролот на Кремљ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.