Во затворот во Струмица осуденик повреден со нож

Во полсициската станица во Струмица вчера било пријавено дека во Затовто Струмица осуденик нападнал и повредил друг осуденик со остар предмет. Поголема ексалација спречиле други затвореници кои го совладале напаѓачот.

– На 24.05.2023 во СВР Струмица е пријавено дека на 23.05.2023 околу 22.30 часот во просторија во Затвор Струмица во Струмица осуденикот Д.П.(37) со остар предмет го нападнал осуденикот Н.Ч.(35) од Македонска Каменица и му нанел повреда на Н.Ч., по што бил совладан од неколку осуденици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението од МВР.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.