Првата антикорупционерка Билјана Ивановска во вечерашното интервју во емисијата „360 Степени“ на ТВ Алсат, во врска со постапката за вицепремиерот Кочо Анѓушев, вели дека иницијативата од Антикорупциска е доставена до премиерот Зоран Заев кој што и да одлучи треба да ги извести во рок од 60 дена.
Одлуката е на премиерот. Ние сме должни да ги обелодениме состојбите пред граѓаните. Ги утврдуваме состојбите врз основа на аргументи добиени од Владата и министерствата, но и други институции, рече Ивановска.
Ги спротивставуваме своите ставови на крајот секој согласно своите убедувања дали го сокрил судирот на интереси, додаде. Ивановска тврди дека дека Анѓушев не поднел изјава за иземање од постапување и одлучување.
Целиот овој предмет има поголема историја, појаснува претседателката на Антикорупциска.
Ивановска во вечерашното инттервју откри дека барање за укинување на царините за увоз на литиумски батерии за акумулатори доставила Полската амбасада по средба со вицепремиерот Кочо Анѓушев, а со образложение дека извесна полска компанија од овој сектор сака да инвестира во Македонија.
Целиот предмет има поголема историја. Кочо Анѓушев присуствувал на седницата на која се расправало за предлог-одлуката за укинување на царините на батериите за акумулатори. Според стенограмите, тој и земал збор и директно учествувал во расправата со насоки како предлог-одлуката треба да се усогласи со Министерството за финансии. Ова е главниот доказ дека Анѓушев не се изземал од оваа предлог-одлука, напротив, учествувал во неа. На крај, полската компанија не инвестирала во Македонија, туку во Србија, рече Ивановска.
Немаше основи за продолжување на постапката за предметите против вицепремиерот Кочо Анѓушев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за постапките за добивање концесии за изградба на мали хидроцентрали, рече во вечерашното гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат.
„Одено е чекор по чекор, од конкурсот до пријавувањето до конкурирање на нивните фирми…целокупната постапка е максимално добро запазена, ние не можеме да измислиме нешто, оти и нашата работа е под лупа на јавноста. Точно по ред утврдивме од кога до кога бил конкурсот кога тој (Мицкоски н.з.) станал советник, кога бил директор во ЕЛЕМ и тн. Мошне прецизно и утврдивме дека нема прекршување“, рече Ивановска.