
Полска мора да даде отпор на „патувачкиот театар“ на таканаречените „поворки на гордоста“ кои изразуваат поддршка за правата на ЛГБТ лицата, изјави во неделата челникот на владејачката конзервативна партија Правда и справедливост (PiS), Јарослав Качински, во пресрет на одржувањето на парламентарните избори на 13-ти октомври.
„Ова е голема офанзива, ова е патувачки театар кој се појавува во различни градови да провоцира и потоа плаче…, ние сме оние на кои тоа им штети, што мора да бида раскринкано и отфрлено“, изјави Качински на предизборниот собир во градот Сталова Вола.
Законот мора да се спроведува во целост за да се „регулираат овие прашања“, додаде лидерот на PiS. Качински, исто така, почара дека му е благодарен на полскиот надбискуп кој претходно месецов речле дека Полска е под опсада на „чумата на виножитото“ на активистите за правата на ЛГБТ лицата коишто ја спореди со поранешните комунистички властодршци.
Само PiS може да ја одбрани црквата и да ги острани заканите за традиционалното семејство кои доаѓаат од Западот, порача Качински, чијашто патрија води во анкетите и се очекува дека како и на минатите избори ќе има уверлива победа.