Полската опозиција ја критикува идејата за разместување на германските ПВО системи во Украина

Полската опозиција остро ги критикуваше претставниците на власта во четвртокот за предлогот германските противвоздушни системи „Patriot“ наместо во Полска да ги распореди во соседна Украина која е под масивни ракетни удари на Русија.

„Тоа е безумност. Дејствија на штета на Полска. Германофобијата, интелектуалната изолација на Качински или Балшчак води до тоа да ја одбиваат подадената рака кон Полска“, изјави за новинарите пратеникот Анджеј Шејина, од опозициската пратеничка група на партијата Леви сили.

Смета дека „доколку некој проектил ја погоди Полска, без разлика дали е руски или случајно украински, или таа долета до Варшава за 10 минути и никој не ја собори, тогаш за тоа лично бе бидат одговорни Качински, Блашчак, Дуда и Моравјецки“,

Парламентарецот од партијата Граѓанска коалиција, поранешниот полски министер за надворешни работи Дариуп Росати изјави дека владејачката партија Правда и справедливост (PiS) и нејзиниот челник Качински „се толку заглавени во замката на антигерманската реторика што го отфрлаат германскиот предлог“.

„Не можам да го разберам тоа. Качински е човек кој треба да се повлече од политиката. Идејата за распоредување на ракетните системи во Украина е целосна глупост“, изјави Росати истакнувајќи дека таквиот предлог „ги вклучува војските на НАТО во војната во Украина“.

Германската министерка за одбрана Кристине Ламбрехт изјави претходно дека со нејзиниот полски колега договорила во полскиот воздушен простор да патролираат германските ловци „Eurofighter“ и да ги размести германските системи за противвоздушна одбрана „Patriot“ на територијата на Полска којашто од почетокот на војната на Украина ѝ испорача стотици тенкови и оклопни возила, десетици авиони и хеликоптери и ракетни системи за одбрана.

Но полскиот премиер Матеуш Моравјецки, лидерот на владејачката PiS, Јарослав Качински, министерот за одбрана Мариуш Блашчак истапија во јавноста со идејата германските противвоздушни ракетни системи да бидат распоредени во Украина а не во Полска.