Полскиот претседател Анджеј Дуда ги обвини во средата вечерта функционерите на Европската унија дека лажат кога зборуваат за правосудните реформи во неговата земја, откако Брисел претходно ја покрена процедурата со којашто на Полска може да ѝ биде суспендирано правото на глас во Советот на ЕУ.
„Многу претставници на европските институции зборуваат невистини за Полска. Лажат кога велат дека промените во Полска водат кон кршење на принципите на правната држава, додека ние ги јакнеме демократските норми“, изјави полскиот претседател Анджеј Дудида во разговорот за приватната телевизија Polsat.
Претходно во средата Европската комисија му предложи на Советот на ЕУ да ја покрене постапката предвидена со членот 7 од Лисабонскиот договор, што е првпат во историјата, што може да доведе до суспендирање на правото на глас на Полска.
Дуда, кој по објавата на Европската комисија ги потпиша двата спорни закона кои ги усвои полскиот парламент, ја обвини ЕУ дека донела чисто политичка одлука.
„Има многу лицемерство, невистини и дезинформации коишто ги слушаме од таа страна (ЕУ)“, истакна Дуда.
Полскиот претседател предупреди дека десницата во парламентот има мнозинство, бидејќи за неа гласале полските граѓани на изборите и има целосен легитимитет да ги спроведува реформите коишто од неа ги очекуваат Полјаците.
Дуда, исто така, го обвини првиот потпретседател на Европската комисија, ?Јан Тимерманс, дека само диктира и не прифаќа аргументи.
„Нема разговор, бидејќи тој диктира, а ние со диктирање не се согласуваме“, порача Дуда.
Претходно во средата Европската комисија му предложи на Советот за Европската унија покренување на постапката предвиден сои членот 7 од Лисабонскиот договор за ЕУ против Полска, која во крајна линија може да доведе до суспендирање на правото на гласот, доколку другите земји членки го одобрат тоа.
„И покрај повторените напори во текот на речиси две години со полските власти да започне конструктивен дијалог во контекст на рамките на владеење на правото, Комисијата денеска заклучи дека постои јасен ризик од сериозно кршење на владеењето на правото во Полска“, објави потпретседателот на ЕК, Јан Тимерманс.
Покренување на постапката предвидена со членот 7 никогаш досега не е користена, а Комисијата се одлучила на тоа откако полските властите не се откажаа од контроверзните реформи во правосудство.
Тимерманс истакна дека Европската комисија е подготвена да го повлече својот предлог, доколку Полска ги отстрани причините за загриженоста во рок од три месеца.