Полскиот претседател ќе го разгледа законот за холокаустот

© REUTERS/Kacper Pempel

Полскиот претседател Анджеј Дуда вети во неделата дека ќе ги разгледа деловите од новиот полски закон за холокаустот чијшто текст предизвика лута реакција на Израел.

„Процената ќе биде претставен по заврувањето на работата на парламентот и внимателна анализа до конечната форма одо овој законски акт“, се наведува во соопштението од кабинетот на полскиот претседател Анджеј Дуда.

Со овој закон се предвудуваат до три години затвор за секое лица, полски граѓаните или странец, кој е го користи терминот „полски логори на смртта“ за означувње на логор за истребување коишто германските нацисти ги отвориле на територијата на окупираната Полска во текот на Втората светска војна.

Термонот „полски логори на смртта“, сметаат во Варшава со години нананзад, дава погрешен впечаток дека Полска е одговорна за холокаустот, додека израелските челници сметаат дека со текстот се сака да се негира учествотото на Полска во истребувањето на Евреита коешто нацистите го спроведувале во Втората светска војна.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го повтори во неделата критиките за споменатиот полски закон, изјавувајќи: „Нема да толерирме да се извртува вистината и повторно да се испишува историјата, и да се негира холокаустот“. Израелската дипломатија го повика во неделата полскиот амбасадор барајќи „појаснување“.

Израел на Меѓународниот дел на сеќавањето на жртвите на холокаустот ја обвини Полска дека сака да ја „менува историјата“, откако ден претхо0дно долниот дом на полскиот парламент го прифати законот со кој се казнува употребата на изразот „полски логори на смртта“. За да стапи на сила, текстот на законот треба да го одобри Сентато и да го потпише шефот на државата