Парламентарните избори во Полска, којашто веќе осум години ја води конзервативната суверенистичка партија Правда и справедиливост (PiS), ќе се одржат на 15-ти октомври во согласност со уставните рокови, најави во вторникот полскиот претседател Анджеј Дуда.
„Донесов одлука овие избори да се одржат на 15-ти октомври 2023 година“, oбјави Анджеј Дуда на X, поранешната социјална мрежа за микроблогирање Twitter.
Полјаците, така, кон средината на октомври ќе гласаат за 460 пратеници и за 100 сенатори. Според анкетите, PiS е во позиција третпат последователно да победи на изборите, а притоа да го нема потребното мнозинство самостојно да ја формира владата.
Во неодамнешните испитувања на јавното мнение, конзервативците-националисти освојуваат околу 33 отсто од гласовите, пред главната центристичка опозицска формација Граѓанска платформа (PO), која има подршка во разните анкети меѓу 26 и 32 отсто од гласачите.
Крајно десната националистичко-либертаријанската и антиевропската партија Конфедерација е трета со 12 отсто од гласовите.
Коалициите на Селската партија (PSL) и на партијата од десниот центар Полска2050, како и левицата, би добила секоја меѓу 10 и 15 отсто од гласовите, според повеќето анкети спроведени кон крајот на јули.