Долниот дом на полскиот парламент во петокот ја отфрли мерката за укинување на казните за оние кои помагаат некому при абортус, покажувајќи длабока поделеност во владејачката коалиција околу еден од најстрогите закони за абортус во Европа.
Според предлог-законот, оние кои би помогнале да се организира абортус, на пример со набавка на апчиња, како и лекарите кои би ја спроведувале оваа процедура во раните седмици од бременоста или поради малформации на плодот, повеќе нема да се соочуваат со казни.
Репродуктивните права и здравјето се исклучиетлно жешка тема во Полска, каде што претходната кознервативна националистичка влада воведе речиси целосна забрана за абортус во 2021 година.
Откако ја презеде власта во декември, широката коалиција на премиерот Доналд Туск повторно воведе средства за вештачко оплодување и ги промени правилата за пристап до итна контрацепција. Едно од ветувањата на партијата на Туск, во коалиција со партиите кои се протегаат на десницата, беше да се овозможи абортус во првите 12 седмици од бременоста. Напредокот по ова прашање е запрен поради несогласувањата во владејачката коалиција.
Според сегашните закони, абортусот е дозволен само во случаи на силување, инцест или кога е загрозен животот на мајката. Во април, претставниците испратија четири предлог-закони до повеќепартиската комисија на разгледување. Отфрлениот во петокот е првиот од нив што ќе ги гласа Долниот дом.
Речиси половина од пратениците кои припаѓаат на демохристијанската опција Трет пат, дел од владејачката коалиција на Туск, гласаа против прелогот, заедно со членовите на поранешната владејачка а сега главна опозициска партија Право и правда (PiS) и екстремно десничарската алијанса Конфедерација.
Поборниците на правата за абортус сметаат дека ова претставвуа голем удар за нивните заложби.
„Лекарите ќе се плашат да направат абортуси, а пријателите може да бидат приведени ако му помогнат на пријател. Жените и натаму ќе се плашат за своето здравје и живот“, напиша заменик министерката за семејство, труд и социјална политика Александра Гајевска на платформата Х.
Продолжува работата на други мерки. Двае од нив би дозволиле абортус до 12-та седмица, а третата, предложена од Третиот пат, дозволува процедура во случај на аномалија на плодот, со што ќе се врати состојбата како што беше пред пресудата на Уставниот суд во 2020 година.
Претседателот Анджеј Дуда, сојузник на партијата PiS и жесток противник на абортусот, најави дека ќе го искористи правото на вето за да го запре законот предложен во петокот, доколку мине во Долниот дом на парламентот. Мандатот на Дуди завршува на крајот на следната година, што со нетрпение го очекува премиерот Туск.